Гостите растурија во Серија А, на 6 натпревари 6 победи!

Loading

Во италијанската Серија А попладнево се одиграа 6 натпревари од 19.коло на кои гостинските тимови забележаа 100% учинок односно победија на сите 6 натпревари.

serie-a

Сепак најголемото изненадување го направи Сасуоло кој успеа да го совлада лидерот на табелата Интер со голот постигнат во судиското продолжение во второто полувреме поточно во 95 минута.

Стрелец беше Доменико Берарди од пенал, а поразот на Интер го искористи Наполи, кој со победата над Фросиноне нагости со 5-1 сега изби на врвот на табелата во Калчото со 41 бод.

На останатите натппревари Аталанта – Џенова 0:2, Болоња – Киево 0:1, Торино – Емполи 0:1 и Верона – Палермо 0:1.

Дали гостите и во 7-миот меч кој се игра денеска во серија А ќе забележат победа останува да видиме, а на полувреме Сампдорија има нагатива од 0-1 на домашен терен против Јувентус…

Во ова коло се одиграа уште и натпреварите Рома – Милан 1:1, Фиорентина – Лацио 1:3 и Карпи – Удинезе 2:1.

Табела:

Наполи 41 бод
Интер 39
Фиорентина 38
Јувентус 36
Рома 34
Сасуоло 31
Емполи 30
Милан 29