Во јадранската АБА кошаркарска лига се игра последното 25 коло од регуларниот дел од сезоната.
Кошаркарите на МЗТ Скопје со пораз ги завршија натпреварите од оваа 2015/16 сезона во АБА лигата откако на гостувањето кај Цедевита загубија убедливо со 89-64.
МЗТ Скопје против Цедевита играше неполни 8 минути кога заостануваше четири поени зад Цедевита 14:10, а потоа домаќините во финишот на првата и почетокот на втората четвртина направи серија 16:0 со што ги решија сите дилеми околу победникот.
Дреновац со 21 поен беше најефикасен кај МЗТ, додека Вокер и Билан со по 16 поени беа најдобри кај Цедевита.
МЗТ Скопје сезоната 2015/2016, во АБА лигата ја заврши со 10 победи и 16 порази, во претходното коло обезбеди опстанок во лигата, додека Цедевита ќе разигрува за шампионската титула со скор во регуларниот дел од 19 победи и 7 порази.
Вечерва ќе се комплетира 25 последно коло со останатите 6 средби.
Инсерти од натпреварот во Загреб…