Видео: Голден Стејт без Кари стигна до победа над Хјустон

Loading

Во НБА лигата се одиграа 6 средби синоќа. Шампионот Голден Стејт и без својата ѕвезда Стеф Кари успеа некако да го совладаа Хјустон во дербито на западот со 114-110 на гостински терен и да прв да стигне до 30 победи оваа сезона.

klej

Голден Стејт кој играше уште и без Барбоса и Езели стигна до победата благодарение на извонредниот Клеј Томсон, кој постигна 38 поени, Андре Игуалда заврши со 20, а до трипл-дабл дојде Дрејмонд Грин со 10 поени, 16 асистенции, 11 скока.

Кај Хјустон одличните настапи имаа Џејмс Харден, со 30 поени и Двајт Хауард, кој имаше 21 поен, 13 скока и 5 асистенции.

Во дербито на истокот пак Милвоки ја победи Индијана со 120-116. Кај Милвоки Мидлтон реализираше 33 поени, 5 скока и 4 асистенции, а Грег Монро имаше 23 поени. На „Пејсреси“ не им помогна тоа што пет играчи мечот го завршија со двоцифрен учинок, а Пол Џорџ имаше 31 поен, 6 скока и 5 асистенции.

Во другите средби Детроит-Минестоа 115:90, Њу Орлеанс-ЛА Клиперс 89:95, Оклахома Сити-Финикс Санс 110:106, Јута-Портланд 109:96.

За вечерва на програмата во НБА лигата предвидени се 7 средби.

Во продолжение погледнете ги најдобрите моменти од дербито Хјустон – Голден Стејт…