Многу ѕвезди си заминуваат од Реал Мадрид, Перез најави ремонт на кралскиот клуб!

Loading

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез се повеќе се наоѓа на удар на навивачите на кралскиот клуб кои се незадоволни поради доминацијата на Барселона.

reallll

Сепак Перез има план да ја сруши каталонската екипа, а тоа подразбира и продажба на многу првотимци и ѕвезди во клубот.

Се претпоставува дека Перез во летниот преоден рок ќе стави 9 играчи на трансфер листата, а според некои информации тоа ќе бидат Бензема, Навас, Хесе, Иско, Арбелоа, Черишев, Крос, капитенот Рамос и најголемата ѕвезда Кристијано Роналдо.

Сите нема да бидат продадени, но Перез очекува 200 милиони евра од трансферите на овие фудбалери, со чии пари да почне да ја реновира екипата.

florentino-perez

На врвот на листата желби се Роберт Левандовски, Еден Азар и Давид Де Геа, фудбалери со кои Реал Мадрид сака да изгради нов тим кој ќе ја прекине доминацијата на Барселона.

Доколку нешто сериозно не се промени до крајот на сезоната, на листата ќе се најде и тренерот Рафаел Бенитез.