Започна зимскиот преоден рок… Атлетико Мадрид прв стартуваше и го донесе Фернандез!

Зимскиот преоден рок започна, а со тоа и трансферите на фудбалерите ширум Европа.

augusto

Како прв трансфер кој веќе се реализираше од страна на Атлетико Мадрид е името на аргентинскиот фудбалер од средниот ред, Аугусто Фернандез кој во тимот на Диего Симеоне доаѓа од Селта Виго.

Фернандез стави потпис на договор со Атлетико Мадрид до 2019 година откако успешно ги мина медицинските тестови.
Диего Симеоне добро ги познава квалитетите на Фернандез бидејќи работеше со фудбалерот во Ривер Плата во сезоната 2007-2008, а Ферандез треба да биде замена за повредениот Тиаго Мендеш.
Атлетико во моментов е втор на табелата во Шпанската Примера со ист број на бодови како и првопласираната Барселона 38, два повеќе од Реал Мадрид кој се наоѓа на третото место.
Атлетико Мадрид исто така избори пласман во нокаут фазата или осминафиналето од Лигата на шампионите каде ќе игра против ПСВ Ајндховен