ВАРДАР И ЖРК ВАРДАР со победи ја израдуваа македонската јавност во Лигата на шампионите!

Loading

Минимални но значајни победи во Лигата на шампионите остварија и двете екипи на Вардар и машката и женската.

vardar stole

Најпрво машката екипа славеше против шведскиот тим на Кристијанштад со 38:36 во 12.коло во Групата 2, во Лигата на шампионите.

„Црвено-црните“, во раната фаза на натпреварот, стекнаа предност од 7 гола, но потоа му дозовлија на противникот да се врати во мечот и до последниот напад да стигнат до победата.

При 29:29 тренерот на Вардар Раул Гонзалес побара минута одмор, која на крајот се испостави како клучна за конечниот победник. По тој тајм аут, Вардар набрзина постигна три гола за 32:29 и до крајот на мечот и покрај два промашени зицери и еден седмерец успеа да слави.

vardar aleks

Циндриќ со 8 и Горбок со 7 голови беа најефикасните играчи на овој натпревар. Вардар во наредното коло на 28.февруари ќе му гостува на ПИК Сегед, а потоа во последното коло на 5.март ќе го пречека Монпелје во Скопје.

Женскиот тим на Вардар во дербито на колото конечно успеа да го победи европскиот првак Будуќност со 26:24 во рамките на претпоследното коло во фазата по групи, во Лигата на шампионките.

zrk vardar pobeda1

Вардарки предводени од голманката Лејно, го срушија европскиот првак со одличната игра во последните 9 минути од натпреварот кога со серија од 5 гола, негативата од 20:22, ја претворија во позитива од три гола 25:22.

Во текот на натпреварот двете екипи имаа можност да создадат и поголема разлика, но такво нешто не дозволија голманките, кои блескаа на теренот: Лејно имаше 19 одбрани, а нејзината колешка од спротивниот табор Ждериќ 16 успешни интервенции.

Стрелците кај Вардар ги предводеше Барбара Лазовиќ, која постигна 6 голови и го одигра најдобриот натпревар во вардаровиот дрес. Гол помалку постигна Андреа Пенезиќ, а Радичевиќ постигна 4 гола. Катарина Булатовиќ со 6 гола, три од 7 метри, беше најефикасната во редовите на Будуќност.

zrk vardar pobeda

Во последното коло од оваа фаза ЖРК Вардар гостува во Шведска кај Савехоф, а натпреварот се игра на 26 февруари.