МЗТ Скопје славеше над К.Соколи и стигна до 8-от пехар во Купот на Македонија

Loading

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром со нов пехар во витрините се враќаат од завршниот турнир од кошаркарскиот куп на Македонија.

mzt champion2

Тие во скопското финале го победија Карпош Соколи со 68-62 и по 8-ми пат го подигнаа победничкиот пехар во ова натпреварување.

Финалето беше супер интересно и неизвесно каде и двете екипи покажаа зошто се најдобри во првенството и се на врвот на табелата.

Победникот се решаваше во последните минути од мечот, кога искусните кошаркари на МЗТ Скопје одговорија на предизвикот ги искористија грешките на противникот и заслужено на крајот стигнаа до драгоцениот  пехар.

mzt champion3 mzt champion1

Кога беше најпотребно проработе и повредениот капитен на металците Дамјан Стојановски кој со сигурно положување  и успешна реализација на слободните фрлања обезбеди победа вредна пехар во 24 издание од Купот на Македнонија.

Во големото финале најефикасни на двете страни беа Дреновац кај победникот МЗТ Скопје со 16 и центарот на Карпош Соколи Кнежевиќ со 14 поени.

Искусниот центар на Соколи Душан Кнежевиќ го доби признанието за најефикасен кошаркар на завршницата од Купот, а за најкорисен кошаркар МВП на Купот на Македонија во Гевгелија беше прогласен кошаркарот на  МЗТ Скопје Марко Луковиќ.

mzt champion4