Довчерашниот играч на ПСЖ, аргентинецот Езекил Лавеци е новото звучно име на фудбалот кој се пресели во Кина.
Лавеци го напушти францускиот шампион и за 23,5 милиони фунти, денеска беше претставен во новиот кинески прволигаш Хебеи Фортина.
Кинеската екипа за трансферот издвои околу 6 милиони евра, плус 13 милиони евра за годишната плата на Лавеци, со што тој стана еден од најплатените фудбалери во светот.
Оваа сезона Лавеци воглавно беше резерва на „светците“, поради што реши да ја прифати понудата на амбициозниот клуб кој оваа зима влезе во Првата кинеска лига.
Богатиот Хебеи во овој преоден рок освен Лавеци го доведе и Жервињо од Рома, Гаел Какута од Севиља и Стефан Мбија од Трабзонспор.