АБА лига: Црвена З.-Цедевита и Будуќност-Мега Лекс се двојките во 1/2 финалето!

Loading

Во АБА лигата познати се полуфиналените двојки од плејофот по одиграното 24 коло, а тоа се Црвена Звезда ќе игра против Цедевита, а Будучност со Мега Лекс.

aba liga

Цедевита во ова коло стигна до 18-тата победа во АБА лигата, откако пред својата публика во Загреб, го победија Металац со 77:63 и на две кола до крајот го обезбеди третото место на табелата.

Мега Лекс од поодамна го осигура четвртото место и покрај поразот од Унион Олимпија со 78-81.

Црвена звезда убедливо ја победи Сутјеска со 96:67, а Будуќност немаше проблеми против Игокеа и славеше со 89-74.

Следното 25 коло се игра за 10 дена на 26 фебруари.