Императорот Тоти ќе биде спремен за Реал Мадрид!

Loading

Иконата на римската волчица, Франческо Тоти успешно закрепна од проблемите со мускулите и ќе биде во составот на Рома за првиот осминафинален меч против Реал Мадрид во Лигата на шампионите.

totti

Тоти не беше во составот на Рома против Карпи, кој римјаните натпреварот го добија со 3-1, а до денеска беше во полн тренинг процес и ќе биде подготвен за натпреварот со кралевите.

Франческо Тоти во неговата долга кариера постигна три гола на дуелите со Реал Мадрид.

Тренерот на Рома Спалети изјави дека Тоти имаше проблеми и затоа не играше против Карпи, но се се заврши добро. Тој смета дека неговото искуство ќе биде многу важно, за дуелот со Реал Мадрид, но освен Тоти во тимот има уште многу искусни играчи”.

Капитенот на Рома оваа сезона одигра 9 официјален натпревари и со него во тимот волчицата има 3 победи, едно реми и 4 порази.