Во финалето на АТП 250 турнирот во Доха, Катар, до титулата стигна кој друг ако не светскиот рекет број 1 во светот српскиот тенисер Новак Џоковиќ.
Ноле му одржа вистинска лекција на својот вечен ривал Рафа Надал и го победи убедливо со 2-0 во сетови 6-1 и 6-2, за нешто повеќе од 70 минути игра.
Џоковиќ со оваа победа против Надал стигна до својата јубилејна 60-та титула во тениската кариера, но она што е уште поважно е што конечно го скрши ледот и за првпат поведе во меѓусебните дуели со Рафаел Надал со 24 наспротив 23-те победи на шпанецот Надал.
За освоениот турнир во Доха, Џоковиќ заработи 250 атп поени и 201 илјада долари.