МЗТ Скопје брка нова победа во АБА лигата… Против Сутјеска е голем фаворит!

Loading

Шампионот на Македонија МЗТ Скопје за 15-тина минути пред своите навивачи во скопската населба Аеродром го игра натпреварот со дебитантот во Јадранската лига АБА лига, тимот на Сутјеска кој моментално е последен на табелата.

mzt win

МЗТ Скопје на овој натпревар има голема шанса против фенерџијата да влезе во нова победничка серија и повторно да се врати во горниот дел од табелата односно на 5-тото место во регионалното натпреварување.

Аеродромци имаат 5 победи во последните 6 настапи и со евентуален триумф над Сутјеска нашиот првак ќе ја забележи втората победа по ред.

Гостинот од Никшиќ во Скопје доаѓа откако во минатото коло на домашен терен славеше над Партизан.

Натпреварот се игра во СЦ Јане Сандански, а започнува за 10 минути во 21 часот.

За конечниот исход од овој натпревар ќе ве информираме подоцна.