Видео: Репризата од последното НБА финале за шампионот Голден Стејт!

Голден Стејт го доби дербито пред своите гледачи во „Оракл арената“ со Кливленд. Актуелниот шампион го совлада најдобриот тим на Истокот со 89:83 во реприза на ланското НБА финале добивајќи го мечот во пенал завршница.

cavs-warr

Првиот играч на гостите Леброн Џејмс промаши три слободни фрлања и имаше „ер бол“ во последните 90 секунди доволни за пораз на Кавси во клучните моменти.

На спротивната страна Стеф Кари и Андре Игудала тоа го казнија и ја обезбедија 14 победа по ред во Оукленд или вкупно 32.

Играч на натпреварот во домашниот тим беше Дрејмонд Грин со 22 поена, 14 скокови и 7 асистенции. Кари уфрли 19 додека Клеј Томпсон 18.

Кај Кливленд Леброн Џејмс беше прв стрелец со 25 поени.

Па така Голден Стејт е убедливо прв во НБА лигата со 28 победи и 1 пораз, додека Кливленд остана лидер во Источната конференција со 19 победи и 8 порази.