Шпанската Примера лига и понатаму е број 1 фудбалски шампионат во светот

Шпанската Примера останува најдобрата лига според Интернационалната федерација за фудбалската историја и статистика.

Liga-BBVA

Од актуелниот европски првак Шпанија се екипите кои во 2015 година триумфираа во клупските натпреварувања, Барселона победи во Лигата на шампионите, а Севиља во Лигата на Европа.

Токму затоа Примера стана првата лига која во најквалитетното клупско натпреварување, во групната фаза од Лигата на шампионите имаше 5 претставници сезонава: Барселона, Реал Мадрид, Атлетико Мадрид, Севилја и Валенсија.

Покрај овие успеси, во оваа лига настапуваат и петте најскапи фудбалери на светската берза.

Примера доминацијата ја започна во 2010 година и според овој избор приматот го чува веќе шеста година по ред.

Во „топ 10“ најдобрите фудбалски лиги се: Шпанија 1.262 бода, Италија 1.177, Германија 1.044, Аргентина 990, Франција 914, Бразил 899, Англија 887, Португалија 726, Белгија 725, Русија 715.