Платини нема да се кандидира за претседател на ФИФА

Мишел Платини ја повлече својата кандидатура за претседател на ФИФА.

platini
„Ја повлекувам својата кандидатура. Не можам повеќе, немам веќе ни време ни средства да се сретнам со избирачите, да се состанам со луѓето, да се борам со другите“, изјави  Платини.

Етичкиот комитет на ФИФА го суспендираше кон крајот на декември 2015 година претседателот Сеп Блатер и првиот човек на УЕФА, Мишел Платини на 8 години.

Блатер и Платини се казнети бидејќи првиот човек на ФИФА му уплатил на Французинот во 2011 година 2 милиони франци за работни совети на основа на „устен договор“.