ЖРК Вардар се подготвени за предизвикот Букурешт во Лигата на шампионките!

Македонските шампионки во ракомет тимот на ЖРК Вардар во комплетен состав, ги пречекува гостинките од Романија тимот на Букурешт.

zrk5

Вардарки сакаат со победа да ги стартуваат натпреварите од втората фаза на елитната лига, а тренерот Индира Кастратовиќ предупредува дека за триумф се потребни квалитетни 60 минути.

,,Потребно е сите 60 минути да одиграме квалитетно за да стигнеме до победата. Секако и да играме со „мирна глава“. Букурешт е квалитетен тим и не треба да брзаме, со добра одбрана и контри да стигнеме до триумф, истакна Кастратовиќ.

zrk4 zrk2 zrk1

„Пред нас е тежок неизвесен меч, Букурешт има силен тим, но ние сме подготвени, имавме доволно време и за одмор и за анализа. Никој не смее да си игра со Вардар во нашиот дом, ја повикувам публиката да дојде во што поголем број, изјави хрватската ракометарка Андреа Пенезиќ.

Тимот на Букурешт ќе биде ослабен со повредата на Лине Јоргенсен, вториот стрелец на екипата од Романија што за ЖРК Вардар е добра вест.

Натпреварот ЖРК Вардар – ЦСМ Букурешт започнува во 17 часот и 30 минути во СЦ Јане Сандански.