Ракометарите на Вардар ја победија Војводина и се нови лидери во СЕХА лигата

Ракометарите на Вардар стигнаа до нова победа во регионалната СЕХА лига откако нагости ја победија Војводина во Нови Сад со 31-26 за 9-ти триумф во сезоната.

vardar-kjelce1

Овој натпревар беше важен за „црвено-црните“ за што е можно подобар пласман на табелата, во пресрет на зимската пауза.

Вардар нема лесна задача против Војводина, а предноста ја направи во последниот период од мечот, додека средбата главно помина во израмнета игра.

Најефикасни во победничкиот тим на Вардар беа Тоскиќ со шест и Душебаев со пет погодоци, додека Страхиња Милиќ оствари 10 одбрани на својот гол.

Вардар сега на провизорната прва позиција во СЕХА, која што ќе ја загуби доколку Веспрем победи во двата заостанати натпревари.

Следниот натпревар РК Вардар го игра за два дена каде ги очекува тешко гостување во Прешов против Татран.