За најдобар боксер во 2015 е прогласен шампионот Тајсон Фјури

Loading

Спортскиот магазин The Ring од 1928-ма година ја врачува наградата за најдобар боксер, а изминатата 2015 година, во конкуренција за наградата беа Флојд Мејведер Јуниор, Саул Алварез, Генадиј Головкин, Роман Гонзалес и новиот шампион во тешка категорија Тајсон Фјури.

fjuri1

Па така за најдобар боксер во 2015, магазинот го прогласи Тајсон Фјури кој стана нов светски шампион во супертешка категорија, кој минатата година на 28 ноември, го совлада неприкосновениот Владимир Кличко и ги доби престижни појаси.

Фјури во Дизелдорф, Германија со едногласна одлука на судиите го совлада Украинецот по 12 рунди и ги спои титулите во IBF, WBO и WBA.

Во изборот Фјури победи неколку светски имиња: Флојд Мејведер Јуниор, Мексиканецот Саул Алварез, Казахстанецот Генадиј Головкин и Роман Гонзалес од Никарагва.