Пред 116 години се основа еден од најтрофејните клубови во светот – МИЛАН!

Loading

Пред точно 116 години е основан еден од најголемите и најтрофенјните фудбалски клубови во светот AC MILAN.

milan1

Во далечната 1899 година двајца англичани Алфред Едвардс и Херберт Киплин го основаа фудбалскиот клуб Милан, и му дадоа име по градот Милано, кој до ден денес се претвори во вистинска фудбалска галаксија.

„Ќе бидеме црвени како оган и црни како стравот кој ќе го влеваме на нашите противници“, се зборовите со кои и ден денес се гордејат популарните „росонери“.

Во неговата историја Милан се стекна со репутација на фудбалска институција која освоила се што може да се освои.

По бројот на освоени интернационални трофеи, Милан е најтрофејниот европски клуб со 18 титули, од кои дури 7 во Лигата на шампиони.

Притоа Милан е последниот клуб кој успеал да ја одбрани титулата во ова натпреварување во сезоната 1998/90 и година подоцна.

CurvaSud

Едни од најголемите и најзначајните фудбалски имиња во историјата го носеле дресот на Милан како Паоло Малдини, Франко Барези, Марко Ван Бастен, Руд Гулит, Франк Рајкард, Роналдо, Роналдињо, Кака, Андреа Пирло, Кларенс Сидорф, Златан Ибрахимовиќ, Андреј Шевченко, Жорж Веа….

Милан има освоено 18 титули во домашното првенство, последен пат во 2011 година, а во последните три години игра под своето реноме и се наоѓа во резултатска криза, но само прашање на време е кога ќе го врати својот слај и ќе се искачи повторно на врвот.

Секој тим има подеми и порази па така и Милан.

Редакцијата на Sporty.mk им посакува Среќен роденден на AC MILAN, и на сите фанови на овој гигантски фудбалски клуб!

Специјално за роденденот на Милан беше направена и музичка нумара. Слушнете ја…..