Видео: Милан е последниот 1/4 финалист на Италијанскиот куп

Loading

Милан е последниот тим кој успеа да се пласира во четвртфиналето на италијанскиот фудбалски Куп, откако во последниот натпревар од осминафиналето нагости ја победи Сампдорија со 2:0.

bacca

Стрелци на головите беа Нианг во 50 минута и Карлос Бака во судиското надополнување во 93 минута од средбата.

Сампдорија натпреварот го заврши со 10 играчи откако во 64. минута, при 1:0 за Милан, беше исклучен Ервин Зукановиќ.

Во другите осминафинални средби Лацио – Удинезе 2:1, Рома – Специја 0:0 – 2:4 на пенали, Фиорентина – Карпи 0:1, Наполи – Верона 3:0, Јувентус – Торино 4:0, Џенова – Алесандрија 1:2 во продолжение и Интер – Каљари 3:0.

Двојките за четвртфиналето кое се игра на 20 јануари следната година се: Интер – Наполи, Лацио – Јувентус, Специја – Алесандрија и Милан – Карпи.

инсерти од натпреварот Сампдорија – Милан 0-2