Холандија-Полска и Норвешка-Романија во борба за влез во финалето на СП во ракомет за жени

Loading

На СП во ракомет за жени познати се полуфиналните двојки.

handba

Сепак четвртфиналето донесе големи изненадувања и драматични средби, па така пласман обезбедија Холандија, Полска, Норвешка и Романија.

Романските ракометарки предводени од Кристина Неагу славеше над домаќинот Данска, по едно продолжение со 31:30. Романките кои во осминафиналето го елиминираа светскиот првак Бразил, во четвртфиналето направија уште еден подвиг со победата над Данска.

Романките славеа со голот на Некита постигнат на 2 секунди до крајот на истекот на времето, а Кристина Неагу со 15 головви ја предводеше Романија до пласманот во полуфиналето.

Норвешка и Црна Гора одиграа инфаркт меч со пресврти, но сепак по голема борба до победа стигна норвашката селекција со 26:25. Норвешка победникот го реши во последните пет минути кога со головите на Локе и Мерк стигнаа до предност од 26:23, Црна Гора поентираше преку Мехмедовиќ, а потоа Булатовиќ промаши седмерец за конечен триумф на Норвешка.

Мерк со осум голови беше најефикасна кај Норвешка, додека Мехмедовиќ и Радичевиќ со по 6 голови ја предводеа Црна Гора.

Полска и го нанесе првиот пораз на Русија на СП и ја елиминираше од борбата за медалите.

Полските ракометарки предводени од Коблинскаја, со 6 голови, славеа со 21:20. Холандија немаше никави проблеми со Франција добивајќи го четвртфиналниот дуел со 28:25. Полман со 10 голови беше најефикасна во холандскиот тим.

Во полуфиналните дуели ќе играат Холандија-Полска и Норвешка-Романија, а пресметките започуваат вечерва.