Погледнете ја новата кацига на Роси за новата сезона во Мото ГП!

Loading

Возачот на Јамаха, Валентино Роси, има нова кацига за новата сезона, со која се надева дека на вистински начин ќе ги започне зимските тестирања пред Мото ГП шампионатот.

Valentino-Rossi

Првите тестови се во Малезија, на патеката Сепанг, а популарниот „Доктор“ оваа сезона влегува со големи амбиции да стане повторно шампион во Мото ГП, и да си ја врати титулата, која што минатата сезона, според него, му беше одземена поради многуте пропусти на луѓето кои го водат овој спорт.

Имаше големи инциденти со возачот на Репсол Хонда, Марк Маркез кој што влијаеше на тоа Роси да ја загуби титулата во последните две трки од страна на клубскиот колега од Јамаха, Хорхе Лоренцо.

Rossi-2016-Helmet-Winter-AGV-1

Сепак Роси го призна поразот, му ја честиташе титулата, и најави голема и бескомпромисна борба за титулата во новата сезона која започнува во март месец.