НБА: Шок за Голден Стејт во ЛА, Денвер ја доби драмата со Далас!

Loading

Во НБА лигата се одиграа 7 средби.

lake-warr

Најголемото изненадување го направи Лејкерс откако на домашен терен го декласираше актуелниот првак Голден Стејт со 112:95.

Лејкерси одиграа перфектен меч и на крајот стигнаа до 13-та победа во 64-от натпревар сезонава, а Голден Стејт го запиша само шестиот пораз.

Бразилецот Марселињо Хуертас успеа да го запре Стеф Кари, а најсилното оружје на шампионот, шутот за три поени, воопшто не функционираше на овој меч, каде воините погодија само 4 од 30-те обиди за три поени.

lake-warr1

Кари и Томпсон имаа катастрофална шутерска вечер, тие заедно погодија само 1 тројка од 18 обиди.

Блескаше на овој натпревар Расел кој постигна 25 и Кларксон кој уфрли 21 поен за Лејкерси.

Бразилецот Хуертас заврши со 10 поени и 9 асистенции. Кари постигна 18, а Томпсон 16 поени за Голден Стејт.

Драма се случуваше на мечот Денвер-Далас, кој заврши со победа на домашниот тим од 116:114, по едно продолжение.

den-dall

Денвер на волшебен начин стигна до триумфот, откако во регуларниот дел за само 7 секунди успеа да ја стигне предноста на Далас од четири поени.

Во продолжението пресудија поените на Аугустин. Фарид со 25 поени и 20 скокови го предводеше Денвер, додека кај Далас најдобар беше Новицки со 30 поени.

Харден со 40 поени и 14 асистенции го предводеше Хјустон до победа над Торонто од 113:107.

Мајами со 103:98 ја совлада Филаделфија. Драгиќ и Вејд го предводеа победникот со по 23 постигнати поени.

Оклахома славеше во Милвоки 104:96. Дурент постигна 32 поени, а Вестбрук го забележа десеттиот ’трипл дабл’ во сезоната од 15 поени, 10 скока, 11 асистенции.

’Трипл дабл’ на споритвната страна забележа и Гркот Антетокумпо со 26 поени, 12 скокови, 10 асистенции, а Паркер постигна 26 поени.

Реџи Џексон постигна 30 поени во триумфот на Детроит над Портланд од 123:103, додека Феникс го изненади Мемфис и славеше со 109:100. Девин Букер постигна 27 поени за победничкиот тим.

За вечерва предвидени се 7 натправари.