Кошаркарите на Фенербахче Улкер и во 5-тиот настап во ТОП 16 фазата од Евролигата стигнаа до победа и максимален учинок досега.
Но тие скапо го платија триумфот над Цедевита откако турскиот тим на овој натпревар остана без двајца значајни играчи во ротацијата, поранешниот македонски репрезентативец Перо Антиќ и репрезенаттовецот на Грција, Костас Слукас.
Според последните информации Перо Антиќ го скинал мускулот на ногата и ќе отсуствува од терените во наредните три недели, додека двојно поголема пауза го очекува Слукас поради повреда на стапалото.
Тимот на Фенербахче во следното 6.коло во ТОП 16 фазата ќе игра против својот градски ривал тимот на Анадолу Ефес, а тоа воедно ќе биде битка помеѓу учителот и ученикот Дуда Ивковиќ и Жељко Обрадовиќ.