Барселона го доби дербито со Атлетико и осамна на врвот во Шпанија!

Loading

Каталонскиот тим Барселона на Ноу Камп во дербито го победи Атлетико Мадрид со 2:1 во рамките на 22.коло, во шпанскиот фудбалски шампионат.

bar-atl

Но натпреварот не започна по планот за Барселона бидејќи Атлетико Мадрид поведе со 1-0 во 10-тата минута преку Коке.

Сепак 20 минути подоцна Барселона израмни преку Меси за 1-1, а 8 минути подоцна поведе и со 2-1 преку Луис Суарез.

Проблемите за Атлетико започнаа на истекот на првото полувреме кога Фелипе Луис поради груб старт врз Меси доби директен црвен картон.

Атлетико и со играч помалку одлично и парираа на Барселона во вториот дел, повеќе ја имаа топката, а во 56.минута Гризман ја имаше шансата на мечот за 2-2, но Браво успеа да одбрани.

Натпреварот беше решен во 67.минута кога Диего Годин го доби вториот жолт картон, а Барселона, иако со двајца повеќе на теренот создаде само две шанси кои не ги реалзира.

Па така Барселона сега има три бода повеќе од Атлетико Мадрид и натпревар помалку и е сама на врвот во шпанската примера.