Ништо од сензацијата, Македонија поразена од Франција во финишот

52 минути Македонија беше рамноправен противник на светскиот, европски и олимписки првак Франција која во Полска допатува со подмладен состав.

fra-makedonija-615x400

Голманот Борко Ристовски беше прогласен за играч на мечот, а тој успеваше на неколупати да ја врати Македонија во игра со одбраните, но сепак, Франција беше силен противник за избраниците на Ивица Обрван.

По одличното прво израмнето рамо до рамо полувреме македонските ракометари ја продолжија серијата и во почетокот на вториот дел.

Успеаја и да направат серија од 3-0 и да израмнат на 20-20.

Иако црвено-жолтитер беа рамноправни се до 51-минута кога на семафорот беше 22:22, сепак во завршницата Франција покажаа зошто во моментов се убедливо најдобрата ракометна светска велесила, па на крајот славеше победа со 30-23.

Кире Лазаров со 9 гола беше најдобар стрелец на натпреватот, а Дејан Манасков и Гоце Георгиевски постигнаа по 5 односно 4 голови.

Кај Франција, Сораиндо даде 6, Порт 5, а Гигу и Мае по четири голови.

Голманската битка ја доби искусниот Омејер кој на крајот имаше 15 одбрани (11 во првото полувреме), додека Борко Ристовски имаше 12 интервенции.

Во вториот меч од оваа група вечерва играат домаќинот Полска и Србија.

Според распоредот, најдобрите македонски ракометари задутре, на 17 јануари играат со домаќинот на шампионатот Полска во 20,30 часот, а натпреварите по групи завршуваат на 19 јануари, вторник.

Тогаш Македонија треба да се сретне со Србија (18,15), меч во кој ќе се бара шанса за победа и продолжување на престојот на ЕП.