Намалена казната на Фелипе Луис поради црвениот картон против Барселона

Лионел Меси мина без некоја посериозна повреда по грубиот и неспортски старт на Филипе Луис за време на дерби натпреварот помеѓу Барселона и Атлетико Мадрид.

felipe luis red

Бразилскиот лев бек невнимателно стартуваше над Меси и за малку не му нанесе потешка повреда на коленото, поради што дисциплинската комисија ја оцени неговата реакција како насилна и го казни со три меча суспензија.

„Филипе Луис покажа насилно однесување за време на натпреварот, и е казнет со три меча неиграње во наредниот период“, стои во официјалното соопштение на дисциплинската комисија која отстапи од своите стандарди и наместо два, му додели три меча суспензија на фудбалерот на Атлетико Мадрид.

felipe luis red1

Сепак комисијата според последните информации казната на Фелипе Луис ја намали на само 1 натпревар и тој ќе биде на располагање на тренерот Диего Симеоне на натпреварот со Гетафе.