Сериозни здравствени проблеми има Меси. Оди на операција!

Loading

Проблемите со здравјето на Меси стануваат се посериозно па затоа неминовно е тој да замине на операција.

messi111

Станува збор за хируршки зафат поради проблемите со каменот во бубрегот, а оваа здравствена состојба му е дијагностицирана уште во декември минатата година.

Тој мораше да ја одложи операцијата поради обврските на Барселона на Светското клупско првенство.

Сепак конечно тој мора да оди на операција, а Барселона во следниот период има поволен распоред.

Меси брзо треба да се врати на терените, поточно ќе биде подготвен за натпреварот против Селта кој се игра претстојниот викенд.

Тренерот Луис Енрике за реванш натпреварот од полуфиналето против Валенсија одлучи да повика неколку играчи од вториот тим, па така Меси и неколку стандардни играчи ќе добијат одмор.