Најава: Вечерва и утре ги дознаваме последните патници во 1/4 финалето во ЛШ

Loading

Во Лигата на шампионите започнува разврската за четвртфиналето, а вечерва ќе ги добиеме и новите два патника таму, со дуелите Манчестер Сити-Динамо Киев и Атлетико Мадрид-ПСВ Ајндховен.

milano 20161

Сити се наоѓа пред промоција во четвртфиналист, бидејќи во Киев славеше 3:1. Тимот на Мануел Пелегрини се наоѓа пред прв пласман во четвртфиналето во ЛШ во клупската историја, а Динамо ќе се обиде да направи сензација, но традицијата е против нив бидејќи на последните 13 натпревари кои ги играле во Англија имаат забележано 11 порази и имаат само две реми средби без ниту една победа.

Атлетико и ПСВ реваншот ќе го започнат со почетните 0:0. Атлетико ја пропушти шансата во Ајндховен да забележи победа, бидејќи во последните 25 минути играше со играч повеќе, а на домашен терен не смее да си дозволи да прими гол.

Атлетико е во одлична форма, во првенството има четири победи по ред, со само еден примен гол.

ПСВ ќе има тешка задача на „Винсенте Калдерон“, каде Атлетико на 11 од последните 13 средби успеал да ја сочува својата мрежа.

Најдобриот дефанзивен тим во Европа, на 12 од последните 16 средби не примил гол.

За утре се предвидени уште две реванш средби од осминафиналето каде се среќаваат Барселона-Арсенал и Баерн Минхен-Јувентус.