Мурињо минатата сезона беше Специјален за Челзи, а денеска доби отказ!

Газдата на Челзи Роман Абрамович заедно со раководството на клубот донесоа конечна одлука – да му дадат отказ на Мурињо и тој повеќе тренер на „сините“.

jose

Одлуката дојде по катастрофалниот почеток на сезоната, а Абрамович мораше да донесе ваква тешка одлука и официјално му врачи отказ на „Специјалниот“.

Челзи за оваа одлука ја информираше јавноста преку официјално соопштение на својата веб страна и потврди дека ја прекинале соработката со Мурињо.

Мурињо минатата сезона ја освои Премиер лигата и имаше голем кредит кај сопственикот, но ситуацијата излезе од контрола, а и дел од навивачите и играчите барале негова смена.

Како наследниот на Мурињо на жешкото столче во Челзи се споменуваат имињата на Гус Хидинк и Хуанде Рамос кои сигурно треба да потпишат со сините до крајот на сезоната.