Зимски спортови: Вон и Хишер доминираа во Оре, Кристоферсен во Вал Ди Зер

Loading

Американката Линдзи Вон и Австриецот Марсел Хиршер победија на велеслаломските трки кои во саботата се возеа во Оре, односно Вал д’Изер, а Вон во Оре ја запиша четвртата последовна победа во Светскиот куп, вкупно 71-ва во кариерата.

vonn-hirs

Американката по двете возења оствари подобро време од вторпласираната Австријка Ева-Марија Брем, а на третото место со 35 сотинки послабо време од победничката се пласира Италијанката Федерика Брињоне.

Во вкупниот поредок води Вон со 400 бодови, Микаела Шифрин е втора со 296, а трета е Лара Гут од Швајцарија со 278 бодови.

Кај мажите Марсел Хиршер во Вал д’Изер ја забележа петтата победа во кариерата во овој зимски центар. Австриецот победи пред Германецот Феликс Нојројтер, а трет беше домашниот натпреварувач Миф Жанде.

Во генералниот пласман Хиршер води со 360 бодови пред Аксел Лунд Свиндал со 317 и Тед Лигети со 180 бодови.

Хенрик Кристоферсен од Норвешка победи на првата слаломска трка во Светскиот куп која се возеше во францускиот Вал д’Изер.

Норвежанецот до првата победа во новата сезона, а петта во кариерата, дојде пред Марсел Хиршер и Германецот Феликс Нојројтер.

kris

Хиршер е лидер со 440 бодови, а зад него се Норвежанецот Аксел Лунд Свиндал со 317 и Нојројтер со 225 бодови.

Светскиот куп во машка конкуренција ќе продолжи денеска кога во италијанската Вал Гардена ќе се вози супервелеслалом.