Меси полесно повреден, ќе го пропушти утрешниот дуел со Билбао!

Loading

Лионел Меси заработи полесна повреда која ја доби на натпреварот против Атлетик Билбао и нема да настапи на дуелот на истите ривали закажан утре во рамките на 1/4 финалето на шпанскиот куп.

messi ing

Меси и Барселона славеа убедливата победа од 6:0, а аргентинецот даде еден гол и беше заменет на полувремето со Арда Туран.

-Меси доби удар и неизвесно е дали ќе може да игра на следните натпревари, соопшти каталонскиот тим.

Се очекува Меси да биде спремен за саботниот дуел во Примера против Малага.