Ракометната репрезентација на Македонија досега никогаш не победила на старт на европско првенство, имаше едно реми и два порази.
Франција е четвртиот противник на стартот на евро шампионатите, со надеж за подвиг и искористување на слабиот старт на французите на континенталните првенства.
За потсетување, Македонија во 1998 година загуби од Унгарија со 20-29, во 2012 година, Македонија ремизираше со Шведска 26-26, а пред две години во 2014 година, Македонија загуби од Данска со 21-29.
Мечот со Франција ќе биде четврт помеѓу двете репрезентации. Најнапред игравме во подготовките за Светското првенство во Катар, во финалето на турнирот во Нант, Македонија загуби со 10 разлика.
Подоцна Франција два пати славеше против нашиот национален тим во квалификационите мечеви за ова првенство, минимално беше во Скопје, а убедливо во Тулуз.
Турнир во Нант: Франција – Македонија 30-20
Квалификации за ЕП: Македонија – Франција 25-27
Квалификации за ЕП: Франција – Македонија 35-24
Да им посакаме многу среќа на нашите момци во Полска, а посебна на вечерашниот дуел со Франција на отворањето на ЕП 2016 во Полска.