ЕП 2016: Еве кој ќе ни суди денеска против Србија!

Loading

Чешките судии Јиржи Хорачек и Вацлав Новотни ќе ја делат правдата на денешниот меч Македонија – Србија, кој се игра во ,,Краков арената”.

hor-nov1

Овие судии исто така го водеа мечот во Катовице меѓу Исланд и Белорусија, а последен пат, нам ни судеа минатата 2015 година, на возвратниот бараж меч со Грција.

Откако на првите два натпревари добивме судии од Данска и Германија, овој пат ќе ни судат Чеси.

Македонија со победа или реми ќе се квалификува за втората групна фаза, а на Србија сојузник му е само еден резултат и мора да триумфира ако сака да го продолжи престојот во Краков и на ЕП во Полска.