Луј Ван Гал е убеден дека Јунајтед има шанси за титулата во Премиер лигата!

Луис ван Гал, е убеден дека неговиот тим има шанси да стигне до титулата во Премиер лигата, особено по победата на дербито со Ливерпул на „Енфилд“.

MANCHESTER, ENGLAND - SEPTEMBER 14:  Manager Louis van Gaal of Manchester United waves to the crowd after the Barclays Premier League match between Manchester United and Queens Park Rangers at Old Trafford on September 14, 2014 in Manchester, England.  (Photo by Matthew Peters/Man Utd via Getty Images)

Тој го смени мислењето, а воедно и го намали заостанувањето зад лидерите Арсенал и Лестер на достижни 7 бода.

– Има мечеви до крајот, нема да биде лесно, но покажавме колку можеме. Ова беше многу важна победа затоа што ривалите изгубија бодови, а разликата можеме да ја стигнеме – изјави Ван Гал.

Од почетокот на сезоната сите го критикуваат великанот од „Олд трафорд“ поради „негативен фудбал“.

– Забележавме многу победи кои им дадоа крилја на навивачите и на играчите, како и на сите оние што го следат Јунајтед – заврши Ван Гал.