Манчестер Јунајтед подобар од Ливерпул во дербито на Англија, Руни нов рекордер!

Манчестер Јунајтед го добија големото дерби во Англија против Ливерпул нагости со 1-0.

liv-man

Јунак на мечот беше Вејн Руни кој го постигна единствениот гол на дербито на „Енфилд“ и му обезбеди голема победа на својот тим, а истовремено постави и нов рекорд во Премиер лигата.

Руни реализираше во 78. минута, поставувајќи ги конечните 0:1. За Руни ова беше 176 гол во дресот на Манчестер Јунајтед, со што постави нов рекорд за најмногу голови за еден клуб во Премиер лигата.

Досегашен рекордер беше Тјери Анри и неговиот голгетерски учинок во дресот на Арсенал беше 175, а зад нив е Ширер со 148 гола во дресот на Њукасл.

Капитенот на Јунајтед го прекина и долгиот пост на „Енфилд“, стадионот на кој последен пат постигна гол на 15. јануари во 2005 година.

Инсерти од натпреварот Ливерпул-Манчестер Јунајтед…