Луис ван Гал, е убеден дека неговиот тим има шанси да стигне до титулата во Премиер лигата, особено по победата на дербито со Ливерпул на „Енфилд“.
Тој го смени мислењето, а воедно и го намали заостанувањето зад лидерите Арсенал и Лестер на достижни 7 бода.
– Има мечеви до крајот, нема да биде лесно, но покажавме колку можеме. Ова беше многу важна победа затоа што ривалите изгубија бодови, а разликата можеме да ја стигнеме – изјави Ван Гал.
Од почетокот на сезоната сите го критикуваат великанот од „Олд трафорд“ поради „негативен фудбал“.
– Забележавме многу победи кои им дадоа крилја на навивачите и на играчите, како и на сите оние што го следат Јунајтед – заврши Ван Гал.