ЛШ 1/8 финале: ПСЖ домаќин на Челзи, Бенфика го пречекува Зенит!

Фудбалската Лига на шампиони по зимската двомесечна пауза повторно се враќа на фудбалските терени ширум Европа.

PSG V Chelsea

Денеска и утре се играат две први осминафинални средби каде се среќаваат ПСЖ-Челзи и Бенфика-Зенит.

ПСЖ и Челзи, трета сезона по ред се среќаваат во нокаут фазата. Пред две сезони Челзи го елиминира ПСЖ во четвртфиналето, додека минатата сезона, во оваа иста фаза, францускиот шампион се пласира понатаму.

ПСЖ е фаворит во двомечот, но очигледно е дека Челзи со доаѓањето на Хидинк ја поправи својата форма.

psg-che

На вториот меч во Лисабон, Бенфика ќе го пречека Зенит, кој со пласманот во осминафиналето стигна до најголемиот успех во Лигата на шампионите.

Бенфика во минатото коло загуби од Порто на домашен терен, но предност на Португалците може да биде тоа што Русите веќе две месеци немаат натпреварувачки натпревари.

Зенит се надева дека може до пласман меѓу осумте најдобри во лигата. Дресот на рускиот шампион го носат екс играчите на Бенфика, Гарај и Хави Гарсија, но најголем адут на Русите е Хулк, кој ја игра својата најдобра сезона во Зенит.

Zenit-vs-Benfica

За утре се предвидени натпреварите Рома-Реал Мадрид и Гент-Волфсбург, а останатите 4 средби од осминафиналето на програмата се следната недела.