Во Англиската премиер лига се одигра градското дерби во Манчестер помеѓу Сити и Јунајтед.
До минимална но вредна победа стигнаа гостите Манчестер Јунајтед со 1-0 во последниот натпревар од 31.коло.
Градското дерби на Итихад стадионот го реши тинејџерот Маркус Рашфорд кој го постигна единствениот гол 16.минута.
Тој доби топка од Мата, со дриблинг се ослободи од Демикелис и лесно го совлада Џо Харт.
Сити до крајот повеќе ја имаше топката во свој посед, но нападите на „граѓаните“ успешно ги одбиваше одбраната на Јунајтед.
Агуеро беше најблиску до постигнување на гол, но еден негов обид со глава во финишот на мечот, заврши во дирекот.
Јунајтед со оваа победа се врати во трката за место кое води во Лигата на шампионите, сега има само бод помалку од Сити, кој се наоѓа на четвртото место.