Суперлига: МЗТ Скопје се зацврсти на првото место по победата над Карпош Соколи!

Loading

Во кошаркарската Суперлига на Македонија се комплетираше 21 коло.

mak basket prva liga

Во дербито во СЦ „Борис Трајковски“ шампионот МЗТ Скопје Аеродром го совлада Карпош Соколи со 71:63.

Одличната игра на гостите во втората и третата четвртина беше решавачка за третата победа оваа сезона за „аеродромци“ во дуелите со „соколите“.

Браќата Урош и Марко Луковиќ и Ѓорѓе Дреновац  беа творците на триумфот на МЗТ Скопје. Урош Луковиќ го заврши со дабл- дабл учинок од 27 поени и 11 скока, Дреновац постигна 12, а Марко Луковиќ 10 поени.

Кај Карпош Соколи двоцифрен број на поени постигнаа само Душан Кнежевиќ 22, Дарко Соколов 13 и Казарновски 10 поени.

Со оваа победа бранителот на титулата се зацврсти на врвот на табелата со четири триумфи повеќе од второпласираниот Карпош Соколи.

Следното 22 коло се игра на 26 март.