Работнички го изненади МЗТ Скопје во градски парк со 74-71!

Градското вечно кошаркарско дерби го доби неочекувано тимот на Работнички кои го совладаа МЗТ Скопје со 74-71 во Градски парк.

rab-mzt

МЗТ Скопје, поради играчкиот кадар кој го има, беше фаворит на овој меч, но на теренот не ја оправда таа улога.

Делуваше дека Работнички повеќе ја посакува победата, а до неа стигна во неизвесна завршница и благодарение на мирната рака на Диме Тасоски, кој во последните 23 секунди реализираше четири слободни фрлања.

Инаку Работнички, во 25 минута стигна до двоцифрена предност, од 11 поени, а МЗТ успеа да израмни, а потоа и да поведе во 34.минута. До крајот се водеше голема борба од која Работнички излезе како победник.

Ветераните во тимот Работнички беа најзаслужни за победата, Тасоски реализираше 19 поени, Чековски 15 поени и 8 скокови, а Мираковски 14 поени.

Најрасположен кај МЗТ беше Марко Луковиќ со 22 поени, а неговиот брат Урош не играше на овој натпревар што се покажа како клучен момент за поразот на МЗТ Скопје.