И Јунајтед во трката за потписот на Азар

Loading

И тимот на Манчестер Јунајтед покажувува голем интерес за фудбалерот на Челзи, Еден Азар.

eden hazard

Па така Црвените ѓаволи се подготвени да искешираат дури 65 милиони фунти за најголемата ѕвезди на својот ривал.

Азар беше еден од најдобрите фудбалери минатата сезона во Премиер лигата, но оваа сезона се вклопи во сивилото на Челзи.

Во Челзи се надеваа дека по заминувањето на Мурињо, Азар повторно ќе биде оној „стариот“, но го мачат и повредите, па никако да се врати во старата форма.

Затоа се погласни се шпекулациите за неговото заминување од Стемфорд Бриџ, а главен фаворит за неговиот потпис е Реал Мадрид кој е спремен да плати 90 милиони евра за да го донесе Белгиецот на Бернабе.

Новиот тренер Зинедин Зидан е голем симпатизер на неговата игра.

Но целата ситуација ја следи и Манчестер Јунајтед кој е спремен да му понуди на Азар 250.000 фунти неделно.

Сепак Челзи преферира да го продадат Азар надвор од Премиер лигата.

Каде на крајот ќе заврши Азар останува да видиме, а можеби и ќе си остане во Челзи.