Суарез на ,,ладење,, два меча во Примера!

Loading

Луис Суарез доби суспензија од две средби, поради инцидентот кој го предизвика по завршувањето на првиот осминафинален натпревар во Купот на Кралот, против градскиот ривал Еспањол.

suarez1

Мечот заврши со победа на Барселона со 4:1, а го одбележа грубата игра на фудбалерите на Еспањол, каде главниот судија покажа 12 жолти и 2 црвени картони за гостинските играчи.

Суарез по завршувањето на мечот ги чекал играчите на Еспањол со намера и физички да се пресмета со некој од нив, а главниот судија нотирал дека тој ги навредувал играчите на Еспањол.

„Вие сте гомна, ве чекаме тука“, зборел Суарез по мечот, стои во судискиот извештај.

suarez2

Каталонскиот клуб најави дека ќе ја обжали оваа одлука на Дисциплинската комисија на Шпанската Примера.