Порто му врачи отказ на тренерот Лопетеги!

Поради лошите резултати, а и ремите со Рио Аве во последниот натпревар од португалската лига, раководството на Порто му врачи отказ на тренерот Јулен Лопетеги.

Lopetegui

Клубот реши да му се заблагодари на соработката на тренерот, поради серијата од три натпревари на кои Порто не успеа да победи.

Лопетеги за речиси две сезони не успеа да освои ниту еден трофеј со португалскиот великан, а стратегот со младинските селекции на Шпанија беше европски првак.

Порто на Лопетеги му беше првата самостојна работа како тренер во клупскиот фудбал.

O espanhol Julen Lopetegui, novo treinador do FC Porto, durante uma sessão treino no centro de estágio do Olival, em Vila nova de Gaia, 3 de julho de 2014.JOSE COELHO/LUSA
O espanhol Julen Lopetegui, novo treinador do FC Porto, durante uma sessão treino no centro de estágio do Olival, em Vila nova de Gaia, 3 de julho de 2014.JOSE COELHO/LUSA

Наследникот сеуште не се знае, а Порто, во моментов има 37 бодови и го дели второто место со Бенфика, а лидер во Португалија е Спортинг Лисабон со 41 бод.