Финишот повторно кобен за МЗТ Скопје во АБА лигата

Loading

Кошаркарите на МЗТ Скопје одново ја почуствуваа горчината на поразот во АБА лигата и тоа на домашен терен.

mzt-bud

Металците повторно несреќно загубија во финишот на средбата од лидерот Будуќност со 68:72, во последниот натпревар во рамките на 23.коло, во АБА лигата.

Па така МЗТ Скопје во последните три кола ќе се бори за опстанок во лигата, додека Будуќност и математички ја обезбеди првата стартна позиција пред почетокот на плејофот.

МЗТ одлично влезе во мечот, а првиот период го реши со 25:15, но Будучност успеа да се врати во вториот период со серијата од 15:4 и го превзеде водството и од тој момент до крајот екипите се менуваа во водство.

mzt-bud1

Сепак на крајот пресуди искуството на гостинските играчи, откако МЗТ Скопје во последната минута влезе во предност од два поени и напад, но до крајот Будуќност постигна 6, а МЗТ ниту еден поен.

Во клучните моменти металците делуваа збунето и конфузно и немаа решение во нападот што го искористи црногорскиот тим да ја однесе победата во Скопје.

Кај МЗТ Скопје Дреновац даде 15, а Стојановски 11 поени, додека Драгичевиќ со 17 поени беше најефикасен во гостинскиот тим.

Во следното коло кое се игра в петок, МЗТ Скопје ќе гостува во Задар.

 

 

11 натпревари се одиграа во НБА лигата. Леброн Џејмс со нов јубилеен 40-ти трипл дабл учинок им донесе победа на Кливленд во дуелот со Сакраменто со 120-100. Леброн заврши со 20 поени, 10 асистенции и 10 скокови. Ирвинг постигна 32 поени и 12 асистенции, додека ЏејАр Смит погоди шест тројки и заврши со 22 поени. Кевин Дурант го предводеше тимот на Оклахома сити до победа против Феникс со 122-106. Дурент даде 32 поени.

Портланд славеше над Мемфис со 112:106, но уште поголем проблем за поразениот тим претставува повредата на центарот Марк Гасол, кој поради проблем со скочниот зглоб излезе од игра во првата четвртина и повеќе не се врати на теренот. На другите средби Шарлот – Чикаго 108:91, Индијана-ЛА лејкерс 89:87, Филаделфија – ЛА клиперс 92:98 (по прод.), Бруклин – Денвер 105:104, Детроит – Торонто 89:103, Атланта – Орландо 110:117, Мемфис – Портланд 106:112 (по прод.), Минесота – Њу Орлеанс 102:116, Феникс – Оклахома сити 106:122. За вечерва предвидени се 5 средби.