Ф1 тимот на Рено прв го објави болидот за 2016 сезона во Формула 1

Loading

Формула 1 тимот Рено е првиот тим кој го објави својот нов болид за 2016 сезона на церемонија во Париз, со која се одбележи враќањето на францускиот производител како конструктор во Ф1 шампионатот.

reno3

Данецот Кевин Магнусен беше претставен како колега на Британецот Џолион Палмер, додека Фредерик Васер е новиот шеф на тимот под титулата тркачки директор.

Рено во 2015 година беа само снабдувачи на мотори на Ред Бул и Торо Росо, но оваа година се враќаат во спортот откако го откупија тимот на Лотус кој го продадоа во 2009 година и официјалното име на тимот ќе биде Рено Спорт Ф1 тим.

reno2-1

РС16 болидот е црн со мали делови на жолта боја, што беа традиционалните бои на Рено во претходниот период во кој беа фабрички тим.

Магнусен го заменува Пастор Малдонадо во тимот, откако Венецуелецот го загуби спонзорството од националната венецуелска нафтена компанија. Магнусен во 2014 беше возач на Мекларен, но минатата година го загуби местото од Фернандо Алонсо.

Лотус во 2015 беа шести во генерален пласман, но од Рено се најавува „преодна“ година во која Французите ќе го преземат работењето во фабриката во Енстоун.

reno1-1

Лотус минатата година возеа со мотори на Мерцедес, но поради финансиски проблеми сопствениците Гении капитал го продадоа тимот на францускиот производител.

Погледнете ја целата церемонија во Париз….