НБА: 45-та победа за Г.Стејт, Дурент ги реши Орландо, а Спарси стигнаа до 27-0 на домашен терен!

Loading

11 средби се одиграа во НБА лигата.

durant buzzer

Голден Стејт стигна до нова 45 победа во лигата откако нагости го победија Вашингтон со 134-121. Стеф Кари и Џон Вол имаа шутерско шоу во главниот град на САД.

Кари постигна 51 поен, погодувајќи 11 од 16-те обиди за три поени, а Клеј Томпсон даде 24 и Дрејмонд Грин ’трипл дабл’ учинок од 12 поени, 10 скокови, 12 асистенции. Кај Вашингтон Џон Вол даде 41 поен и 10 асистенции, а Бредли Бил додаде 18 поени.

Оклахома во драматичен натпревар славеше над Орландо со 117:114, а победникот го реши Дурент со тројка во последната секунда.

Дурент постигна 37 поени, а Расел Вестбрук стигна до нов ’трипл дабл’ 29 поени, 19 скокови, 14 асистенции. Кај Орландо Виктор Оладипо даде 37 поени.

Олдриџ со 36 поени и Ленард со 26 за Сан Антонио стигнаа до 27 победа по ред на домашен терен против Њу Орлеанс со 110:97.

Шарлот го изненади Кливленд со триумфот од 106:97. Џереми Лин со 24 поени го предводеше Шарлот, додека кај Кливленд Кајри Ирвинг постигна 28, а Леброн Џејмс 23 поени.

Минесота ги победи Клиперси со 108:104 и ја прекина низата од 14 натпревари без триумф во првенството. Вигинс беше стрелец на 31 поен за Минесота, додека Деандре Џордан со 15 поени и 18 скокови ги предводеше Клиперси.

На другите средби Детроит загуби од Бостон со 95:102, Атланта ја декласира Филалделфија со 124:86, Бруклин беше поразен од Индијана со 100:104, Чикаго го совлада Сакраменто со 107:102, а Мајами беше подобар од Далас со 93:90.

За вечерва само 4 нба натпревари.