Дел Потро конечно најави враќање на тениските терени по операцијата!

Loading

Аргентинскиот тенисер Хуан Мартин Дел Потро се враќа на тениските терени, а својот кам-бек ќе го направи на турнирот во Делреј Бич кој се игра за две недели.

juan-martin-del-potro

Шампионот на Ју-Ес Опен од 2009 година и поранешен број 4 во светот, минатата година по трет пат го оперираше зглобот на левата рака, но сега смета дека е подготвен за новите предивици.

Во 2015 настапи на само два турнири, а во 2014 на четири натпреварувања. 27-годишниот Аргентинец во моментов на АТП листата се наоѓа на 1041 место.