Само три средби од 5.коло се одиграа во кошаркарската Евролига каде домашните тимови стигнаа до победи на сите три средби.
Фенербахче на Антиќ ја победи Цедевита со 86:73, а турците натпреварот го решија во првата четвртина која ја добија со убедливи 27:13.
Цедевита успеа да се врати во натпреварот кога намали на -1 негатива за 62:61, но до крајот Фенербахче одигра фантастично и славеше победа 4-та за нив во ТОП 16 фаза за максимален учинок.
Најзаслужни за тоа беа Датом со 19 поени, Удох со 17 поени,а Перо Антиќ постигна 8 поени. На другата страна Билан и Вајт дадоа по 13 поени.
Дербито се одигра во Мадрид каде Реал го совлада Олимпијакос со 84:72. Гостите од Пиреа во следните две четвртини го изгубија компасот што Реал Мадрид го искористи да го реши победникот.
По 30 минути игра Реал имаше 15 поени предност, а разликата во еден момент изнесуваше 19 поени.
Љуљ постигна 18 поени и беше најефикасен во натпреварот. Родригез, Ајон и Рејес додадоја по 12 поени. Хекет и Хантер со 14 поени се истакнаа најмногу во грчкиот клуб.
ЦСКА Москва без проблеми стигна до победи против Бамберг и славеше убедливо со 91-70.
За вечерва предвидени се 5 средби за комлетирање на ова 5.коло, а се среќаваат Кимки-Жалгирис, Црвена Звезда-Локомотив Кубан, Уникаха-Анадолу Ефес, Панатинаикос-Дарушафака и Барселона-Лаборал Куча.