НБА: Торонто до 10-та победа по ред, Чикаго ги порази Лејкерс

Loading

Во НБА лигата се одиграа 6 натпревари.

tor-kni

Торонто ја продолжи победничката низа на 10 победи по ред со триумфот над Њујорк од 103:93.

Кајл Лаури и Демар Дерозан постигнаа по 26 поени, додека Валанчунас оствари 11 поени и 18 скокови.

Њу Орлеанс славеше против Сакраменто со 114:105, а Рајан Андерсон го одигра мечот на кариерата постигнувајќи 36 поени. Кај Сакраменто по 26 поени постигнаа Демаркус Казинс и Бен Меклемор.

Галинари, со 26 поени од кои четири тројки беше најзаслужниот за победата на Денвер над Вашингтон 117:113.

Чикаго гостуваше во Лос Анџелес и убедливо ги порази Лејкерси 114:91. Џими Батлер даде 26 поени и 10 скокови,  додека По Гасол против својот поранешен тим имаше 21 поен и 12 скокови.

Убедлива победа 103:83 оствари Мемфис во дуелот со Милвоки. Кај Мемфис Џеф Грин постигна 21 поен.

Дербито на Истокот им припадна на Индијана кои славеа над Атланта со 111-92. Монта Елис беше лидер кај пејсерси со 25 поени, 6 скока, 5 асистенции.

За вечерва на програмата во НБА лигата предвидени се 10 средби.